Политика на квалитет и заштита на животната средина
Наши цели се:
- Висок квалитет на производите
- Без штета на животната средина
- Креативност
- Исполнителност
- Афирмација во локални и регионални рамки
Целите ги достигнуваме со:
- Системско водење на процесите
- Почитување на националните и меѓународните стандарди за квалитет на производите и за заштита на животната средина
- Примена на совремна технологија, суровини, материјали и информациона подршка за реализација на процесите
- Почитување на барањата и очекувањата на клиентите
- Негување и унапредување на партнерски односи со добавувачите
- Препознавање на одговорноста за животната средина и грижата за континуирана заштита и подобрување
- Ефикасна употреба на природните ресурси и енергијата
- Редуцирање на отпадите, емисиите и испуштањата
- Почитување на сегашните и прилагодување на идните законски и други барања за заштита на животната средина
- Обука за унапредување на индивидуалните способности и зајакнување на одговорноста на персоналот за интегрирано управување на квалитетот и животната средина
- Отворена комуникација со вработените, добавувачите, купувачите, соседите, државните органи и заинтересираните медиуми за квалитетот и безбедноста на нашите производи, како и за влијанијата и грижата за животната средина
- Задоволството на купувачите, јавностите и вработените е мерило за нашата успешност.
















